Момче сакало да прегрне скулптура па ја скришило, родителите ќе платат драконска казна

Сподели со своите пријатели

Родители на петгодишно момче ќе мора да платат 132.000 долари затоа што тој случајно урнал стаклена скулптура обидувајќи се да ја прегрне.

Момчето било на една венчавка, а во објектот каде се одржувала церемонијата била изложена „Афродита од Канзас Сити“, стакелна скулптура.

Безбедносните камери покажуваат како момчето чекори кон скулптурата, ги обвиткува рацете околу неа во обид да ја прегрне, додека неговата мајка Шенон Гудман и други возрасни разговараат на софите во близина. Случајно скулптурата малку ја турнува, а таа се сруши пред него. настанала штета на задната страна на главата и рацете, а момчето се здобило со неколку гребнатинки на лицето.

Зошто голите антички скулптури се претставени со мали пениси?

Loading...

Сега уметникот Бил Лајонс, автор на скулптурата, сака да му се надокнадат парите кои вели дека ги изгубил затоа што уметничното дело повеќе не може да се продаде. Се проценува на вредност од околу 132.000 долари. Уметникот скулптурата ја позајмил на градот Оверланд Парк за да ја изложат.

Претставници на градот го известиле Шенон Гуднам дека треба да плати штета, меѓутоа, таа била изненадена кога во писмото пишувало дека се работи за толкава сума.

– Јасно е дека несреќи се случуваат и дека тоа беше несреќа. Не сакам да ја намалам вреднсота на нивната уметност. Но, не можам да платам за тоа, рекла таа.

– Градот има одговорност да поднесе барање заедно со нашата осигурителна куќа, а ние тоа го правиле во било кој момент кога градскиот имот е оштетен. Сега е на осигурителните друштва да ја решат оваа ситуација, рекол портпаролот на градот.

Leave a Reply