Зион Харви (8) од Балтимор во сојузната држава Мериленд во САД, е најмладиот пациент на кој некогаш му се пресадени раце.
Во детската болница во Филаделфија, докторите го оперирале цели 11 часа. Медицинскиот тим составен од 40 луѓе, користел челични плочи и шипки за да ги прицврсти новите за стари коски. Потоа ги споиле артериите, вените, мускулите, тетивите и нервите.
Докторите сега се надеваат дека тој ќе биде во можност да ги прави оние работи кои отсекогаш ги сакал, а тоа е играње фудбал и искачување по справите на детското игралиште.
– Се разбуди со насмевка на лицето. Ниту плачеше, ниту се жалеше, вели д-р Л.Скот Левин кој ја водел целата трансплантација.
Зион уште како мал добил сепса, по што дошло до затегање на органите. Веќе на четири години, му бил трансплантиран и бубрег. Во битката, тој ги изгубил и рацете и нозете. Но, носејќи протеза, тој станал активно момче.
Докторите се надеваат дека наскоро, Зион ќе може да ги користи и двете раце.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.