Момче од Нигерија играло балет во кал, кога го виделе веднаш го викнале во Њујорк (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младиот балетан од Нигерија го воодушеви светот со своите танцувачки способности.Во скромни околности, тој докажа дека истрајноста се исплати.Неговиот талент бил награден со стипендија за престижно балетско училиште во Њујорк.

Loading...

Видеото кое беше објавено на Инстаграм минатото лето и оттогаш има повеќе од 300.000 прегледи, сигурно сте имале можност да го погледнете, а е споделено и на други социјални мрежи. Ентони Месома Меди, 12-годишник од Нигерија, доби шанса за живот благодарение на неговата голема љубов кон танцот. Талентираното момче во видеото во кое ги покажа сите свои балетски вештини танцувајќи бос на дожд, допрело до срцата на многумина ширум светот, кои биле воодушевени од неговиот талент и упорност.

 

 

Него го забележала и Синтија Харви, уметничката директорка на ABT Жаклин Кенеди Оназис од Њујоршката танцова школа, која била импресионирана од вештините на младиот  балетан. „Еден пријател кој живее во Обединетото Кралство ми испрати видео, а следниот ден се обидував да стигнам до него“, изјави таа за Cincinnati Enquirer. Ентони и неговиот ментор Даниел Ајала добија можност да соработуваат во програми и работилници за танцови училишта.

Ентони присуствувал на виртуелна летна работилница за млади танчери со целосна стипендија, додека неговиот ментор бил вклучен во Националната програма за обука, двонеделен курс кој им помагал на наставниците да ги усовршат своите вештини. Харви додаде за Ентони: „Во тоа видео, видов момче кое беше совршен пример за истрајноста што ја има кога се води од љубов, соништа и одлучност, што беше веднаш очигледно“.

 

Loading...

 

Ентони воодушевено рекол за остварувањето на својот сон: „Кога ќе ме видат моите пријатели, мислат што правам и каков странски танц танцувам. Добив одлична можност да патувам во САД – тоа го чекав и балетот го направи тоа за мене“.

Неговиот дом секојдневно се претвора во студио за танцување, а кога немаат доволно простор, танцуваат надвор. Така настана видеото на Ентони.

„Некои велат дека балетот во Африка едноставно не може да се танцува како во другите делови на светот, бидејќи тоа не е африкански танц, но за мене тоа е прашање на создавање посебна, наша уметничка форма“, изјави неодамна Ајала за Vogue.

И Ајала и Харви се согласуваат дека упорноста и желбата на учениците е голем дел од успехот на оваа танцова школа и дека најважно е да се инспирираме бидејќи можеме многу да научиме еден од друг. „Да им се даде шанса на Даниел и Ентони да имаат вакво искуство е доказ за тоа“, рече Харви.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Leap of Dance Academy (@leapofdanceacademy)

Loading...