Осумгодишно момче поминало две години на понижување од неговите другарчиња, откако решил да ја пушти својата коса. За неговата одлука знаеле малкумина, односно, дека тој своето репче ќе го донира за деца кои боледуваат од канцер.
Кристијан МекФилами ја видел рекламната кампања во болница Сент Џуд, и од тој ден, допрен од пораката која ја носи борбата против канцер, одлучил да ја направи нешто, така што ќе ја порасне својата коса која подоцна ќе ја донира во хуманитарни цели.
Неговата мајка, Дијана Томас, ја објавила неговата сторија на Фејсбук, со што го добила приматот на горда мајка.
Необичната дарежливост и хуманост на малото момче започнала пред две години, кога тој донел таква одлука, неговата коса да ја донира во хуманитарни цели.
Дијана во меѓувреме му објаснила на својот син дека пациентите заболени од канце понекогаш ја прифаќаат донацијата со коса после хемотерапија, со што одлуката на Кристијан станала уште поцврста.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.