Момче бегалец ја истурка баба си во количка од Авганистан кон Германија (видео)

Сподели со своите пријатели

Осумнаесет годишно момче, инаку бегалец од Авганистан, за британската BBC раскажа несекојдневна сторија за тоа, како во инвалдиска количка успева да ја пренесе својата баба, оставајќи зад нив илјадници километри.

Loading...

Новинарот на ББС, зачуден од одговорот што го доби, го праша момчето дали било тешко, и дали некогаш момчето помислило да се откаже кога навистина му бил смачено од долгиот пат, по што бегалецот само додаде дека има и моменти кога својата баба често ја носи и на грб.

Capture

Според сторијата на ББС, во Унгарија од Србија се очекуваат да дојдат нови 40 000 бегалци од Блискиот Исток, товар кој унгарската влада не може да го издржи, вели новинарот.

Многу често на преминот во Табановце, доаѓаат тешко болни бегалци, инвалиди деца и стари луѓе, кои може да се видат како членови на семејствата ги носат на грб во недостаток на помагала, но и поради долгиот пат кој ги чека од Сирија и други држави кон земјите на Европска Унија.