Момче 24 часа било само во пустина опкружено со пуми (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Петгодишно момче кое за викенд исчезнало во пустината кај Ел Саладо (провинција Сах Хуан во Аргентина), пронајдено е живо и здраво, откако била организирана потрага, во која, освен полицијата, учествувале илјада доброволци.

Loading...

Семејството со пријателите биле на излет, а кога седнале да јадат, бенхамин Санчез се одвоил од групата за да се игра со каменчиња. Мајката го повикала, а тој се свртел и избегал, веројатно за да игра криенка.

Мајката тргнала по него, се искачила на брегот и уште еднаш го забележала во далечината. Потоа го изгубила од видикот.

– Го слушнав како плаче, но не можев да го видам, изјавила Андреа за магазинот „Кларин“.

Тоа било во недела попладне, а кога започнало да се стемнува, семејството станувало се позагрижено. Стравувале дека момчето во текот на ноќта ќе го нападнат пуми кои живеат во таа област или дека ќе падне во раце на криминалци.

Полицијата и 1.000 доброволци го барале Бенхамин во радиус од осум километри, а потоа од два. Учествувале и коњички единици и хеликоптер.

– Не верувавме дека отишол понатаму, колку далеку може да оди дете од пет години, рекол еден од доброволците.

Тим од рели мотоциклисти предводени од возачот од Дакар Албер Онтиверс тргнале во потрага низа пустината. Тие и го пронашле во понеделникот попладне под едно дрво, околу 24 часа по исчезнувањето, дури 21 километри од местото каде мајката последен пат го видела.

Loading...

Момчето се исплашило од гласниот звук на мотори и хеликоптер, но кога му објасниле дека го водат кај мајка му, прифатил да влезе во леталото кое го транспортирало во болница.

– Цврсто не прегрна. Прво што го прашав е дали многу му недостасувавме, изјавила неговата сестра Викторија Зурита.

– Ми беше студено, лоши спиев потпрен на камен. Мајка ми тргна по мене и започнав а трча, но тогаш се изгубив. Се потпрев на камен, почнав да довикувам, но не ме слушаше. Потоа почнав да одам кон светлината, која беше многу далеку, раскажало момчето кое на себе имало маица и панталони. Температурите во тој регион се од 30 степени дење, до нула степени во текот на ноќта.

Момчето јадело трева и пиело вода од потокот.

https://www.facebook.com/Zuritavictoria/videos/2339887276023531/

Leave a Reply