МОЌТА НА МУЗИКАТА: Се будат телото, сетилата, емоциите…

Сподели со своите пријатели

Кога ќе тргне првата нота од песмата која ја сакате, ви минуваат морници, очи полни солзи, песната ве „погодува“ во срцето… Телото реагира на моќта на музиката.

Loading...

Овие и други несвесни реакции се јавуваат поради наглото скокање на хормонот за среќа допамин во мозокот, така што телото доживува „физиолошко возење“.

Често се случува низ силно чувство на тага или среќа, зависно од тоа што слушаме, да дојде и до ширење на зеници, пораст на пулсот и телесната температура, спуштање на крвта во нозете (мозокот го подготвува телото за танц), велат невролозите од американскиот Државен универзитет Гринсборо во Северна Каролина.

– Дури половина од луѓето доживуваат благо ежење додека слушаат одредена музика. Тажната музика почесто предизвикува вакво чувство, затоа што меланхоличните балади го активираат древниот еволуциски механизам во предниот дел на мозокот. Под тоа влијание на допаминот овој дел се активира доколку постои било каков вид на завиност, награда или мотивација. Тоа значи дека музиката на нашиот мозок влијае на ист начин како коцкањето или некој друг вид страст. Искуствата покажуваат дека тажнат амузика предизвикува позитивни емоции. Имено, чувството на тага кое се доживува поради музиката е попријатно и е помалку штетно од чувството на тага кое го предизвикува некоја непријатна ситуација, вели неврологот др. Џек Панксеп.

Зависно од афинитетот, морниците може да не полазат при слушење различна музика, а особено ако знаеме што доаѓа. Несвесната метаморфоза на телото и сетилат аможе да се јави при слушање на Моцарт или некој друг класик, Мадона, танга, техно или кафанска музика.

Најчесто реагирамо, велат научниците, кога слушаме нешто неочекувано. Тоа може да биде нов инструмент, промена на музичката форма или нагло стишување на звукот. Всушност, сето тоа претставува изненадување.

– Најсилните морници се во очекување на нешто што нам веќе ни е познато. Кога нашите очекувања се исполнети, одредени делови од мозокот стануваат уште поактивни, а тоа има врска со допаминот кој обожава да се игра со нашиот мозок. Кога конечно ќе ги дочекаме омилените акорди воздиѓуваме со допаминско задоволство, поради што не полазуваат морници. Што е поголема концентрацијата на допаминот, толку поголемо е и нашето задоволство, вели др. Панксеп.

Сето тоа ја чини музиката многу моќна и затоа вклучете го радиото и уживајте.

Loading...

Leave a Reply