Моќниот Сојуз МС-10 подготвен: Нова екипа астронаути тргнува на Меѓународната вселенска станица (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Руската ракета Сојуз-ФГ со современиот брод Сојуз МС-10 кој ќе однесе нова екипа на Меѓународната вселенска станица, е транспортиран од хангарот до плочата за лансирање на космодромот во Бајконур во Казахстан.

Сојуз МС-10 би требало на 11 октомври до Меѓународната вселенска станица да превезе двајца членови на екипажот, рускиот космонаут Алексеј Овчихин и Американецот Ник Хејг.

Вселенскиот брод од типот Сојуз, не е потребен на станицата само како превозно средство, туку и како спасувачки брод.

 

Loading...

 

Во случај на било каков инцидент, кога екипажот ќе мора да се евакуира од станицат,а космонаутите без ризици по животот, со бродот ќе бидат вратени на Земјата.

Пред пет дека руската вселенска капсула Сојуз МС-08 се спушти во казахстанската степа со тројца членови од Меѓународната вселенска станица.

Leave a Reply