Многумина ја сакаа, а сега заминува во историја: Популарната видео игра ФИФА добива ново име!

Сподели со своите пријатели

Наместо да се продолжи лиценцата, одлучено е на фудбалската игра да и се даде ново име.

Loading...

FIFA 23 сега станува EA Sports FC.

Сè останува исто (број на играчи, тимови, стадиони итн.), само името се менува.

Официјалното претставување на играта ќе се случи ова лето. Паралелно со оваа изјава се огласи и ФИФА. Претседателот Џани Инфантино ги објави плановите за објавување на нова официјална игра во соработка со неименуван глобален издавач на видео игри.

Желбата е да се направи најдобрата виртуелна фудбалска симулација во светот. Очекуваното издание е најрано во 2024 година.

Повеќе информации најверојатно ќе бидат откриени во текот на оваа година за време на Светското првенство во Катар.