Многу медали за кумановските атлетичари на Државното првенство во атлетика (видео)

Сподели со своите пријатели

На државното првенство во атлетика што за време на викендот се одржа во Охрид, членови на Aтлетскиот клуб Куманово, се вратија дома со многу освоени медали.  Во ветровито време, но со пријатна температура, натпреварувачите комбинирано со натпреварувачи вон конкуренција во секоја дисциплина се одржа кратката програма од натпреварот што вклучуваше 3000м, 100м, 800м, 400м, далечина, височина, копје, диск и ѓуле.

Loading...

Што се однесува до членовите на Атлетски Клуб Куманово, Матеја Ефремовска, родена 1996 го освои првото место во категорија ѓуле за жени и прво место во фрлање диск. Давид Димовски заврши како трет во категорија диск за мажи и категорија копје, и се закити со две златни медали.

Роберт Митковски роден 2000 година, беше петто пласиран во скок во далечина и трет во скок во височина, додека Христијан Димевски роден 2001 година, заврши како шесто пласиран со скок од 3,44 метри и четври во скок во височина.

Capture

Марија Томиќ освои трета награда во скок во височина, скокајќи 115 см, додека Милан Вељковиќ заврши како четври во трка на 400 метри за мажи.Т ретопласираниот Милан Вељковиќ, член на А.К. Куманово, по трет пат оваа година го поправи рекордот во пионерска конкуренција, кој сега изнесува 52.73 секунди. Милан претставува голема надеж на Македонската атлетика, а веќе од наредната година преминува во категоријата млади младинци каде го очекуваат големи меѓународни натпреварувања.

Во истата трка, Марио Антоновски заврши како шесто пласиран, додека Иван Тимчевски роден 2001, трката на 800 метри мажи ја заврши како петтопласиран.

На Државното пионерско првенство, освоени се вкупно 20 индивидуални медали.