Младите кумановски спортисти на повеќе турнири низ Македонија

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

За време на викендот, поточно во недела, во организација на Општински Сојуз на спортови, ќе се организираат неколку спортски случувања на ниво на општината, информираат од Општинскиот Сојуз.

Имено, во недела, во спортската сала при ООУ ”Христијан Карпош” во нас. Перо Чичо, ќе се одржи ракометен турнир во младински категории ”Карпош 2015” – Куманово сака ракомет. На турнирот, учество ќе земат повеќе клубови од Република Македонија.

Во недела, во спортската сала при СЕУ ”Перо Наков” Куманово, ќе се одржи меморијален Одбојкарски турнир ”Теодора Цветковска 2015”, во чест на трагично починатата членка на ОК Куманово, Теодора Цветковска. Турнирот ќе започне во 20 и ќе трае до 14 часот, со учество на одбојкарски клубови од РМ.

Истиот ден, најдобрите атлетичари од Атлетски клуб Куманово, ќе се натпреваруваат на Државното првенство за младинци кое ќе се одржи во Охрид, а на кое учество ќе земат најдобрите клубови од Македонија.

Велосипедисите од ВК ”Вело М”, во недела ќе учествуваат на велосипедска трка на Македонија ”Државно првенство во хронометар”, која ќе се одржи во недела во локалитетот Стоби во Велес.

 

 

Loading...