Млада Сиријка роди машко бебе во болница во Скопје

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден во болница во Скопје се породи мигрантката С.Б.(1996) од Сирија, која на свет донесе машко дете.

Loading...

Сириската државјанка заедно со сопругот претходно поднеле барање за азил во Р. Македонија и беа сместени во прифатниот центар во Визбегово, од каде што е транспортирана во болница.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 25.08.2015 година евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои 9 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 2 барателки на азил се жени ( од кои 1 барателка на азил е хоспитализирана поради браменост), 3 баратели на азил се малолетни лица и 1 барател на азил е малолетен без придружба со повреда.