Митови за тајните служби: Чии агенти шират лажни вести и што работи разузнавачката служба на ЕУ?

Сподели со своите пријатели

Работата на тајните служби ширум светот ја следат многу митови, но тие не секогаш се точни, а рушењето на заблудите спаѓа во основите на демократскиот однос кон разузнавачките служби, пишува историчарот Кристофер Неринг во текст за Дојче Веле.

Loading...

Не е точно, како што вели неринг, дека разузнавачки служби имаат само државите, а како пример го наведува скандалот на австрискиот вицеканцелар Ханс Кристијан Штрахе и заклучоците на експертите дека целата операција и објавувањето на видео снимките можела да го спроведе тајната служба.

Путин е невозможно да биде прислушкуван: Има заштита од супериорна технологија (ВИДЕО)

Неринг објаснува дека приватните тајни служби, кои на клиентите им нудат собирање информации од секако вид, постојат со децении.

Присуството на ваквите служби особено е силно во источниот блок, каде фирмите за безбедност послужиле како басен за прифаќање на поранешните припадници на тајните служби.

Неринг наведува и пример за компанијата „Орбис бирниз интелиџенс“, која е во сопственост на поранешен британски разузнавач од службата МИ6 Кристофер Стил. Оваа фирма предизвика големо вимание кога објави информации за т.н. „Досие на Трамп“.

Музејот на шпионажата открива големи тајни на своите агенти (ФОТО+ВИДЕО)

Лажните вести не се нова работа која се појави во дигиталното време, се наведува во текстот. Социјалистичките тајни служби од Источна Европа со децении имале одделенија на кои единствена задача им било фабрикувањето и ширење дезинформации, што никогаш всушност не престанало, наведува Неринг.

Loading...

Уште еден мит, како што наведува тој, е дека Европската унија нема разузнавачка служба. Во Брисел постои Разузнавачки аналитички центар (EU: INTCEN) кој добива информации од тајните служби од државите членки и ги анализира, пишува Неринг, додавајќи дека разликата е што INTCEN не смее да доаѓа до сопствени информаии со тајни средства, туку да упатува на јавни информации и податоци кои ги добива од државите членки.

ФБИ објави строго чувани тајни документи за Никола Тесла

Не е точно, вели неринг, дека над тајните служби нема контрола. Недовербата во службите е широко распространета, затоа што по секој скандал печатот е преплавен со текстови за тоа дека тајните служби не се контролираат и дека претставуваат страно тело во демократијата.

Меѓутоа, задолжените за контрола на разузнавачките служби се посебно контролни органи на парламентот, надзони тела, судови, ополномоштеници, медиуми или науката, иако таа контрола не е совршена, сепак постои.

Како што наведува тој, можеби најголемиот мит за разузнавачките служби е тоа дека се подесено средство за светски заговор.

Приведен затоа што сакал да биде агент за три тајни служби

Тој истакнува дека митот има реална позадина, со оглед на тоа дека одредени тајни служби навистина биле вплеткани во измами, атентати, обиди за пуч и други операции.

Меѓутоа, тој вели дека „идеи на теоретичарите на заговори“ се дека службите ги контролираат светските случувања, затоа што тие имаат ограничени ресурси кога станува збор за финансирањето, а зависни се од своите влади.

Loading...

Leave a Reply