Мистериозно заболување кај службеници на ЦИА – Вртоглавица, гадење, мигрена и заборавање, се шират брзо

Сподели со своите пријатели

Околу 100 службеници на ЦИА, како и членови на нивните семејства, се разболеле од синдромот Хавана, а директорот Вилијам Барнс започнал работна група за испитување на синдромот и го зголемил тројно бројот на медицински тимови во целиот случај.

Loading...

Меѓу стоте службеници на ЦИА и членови на нивните семејства има 200 американски службеници и нивни роднини кои се разболеле од синдромот Хавана, изјави во четвртокот директорот на ЦИА Вилијам Барнс, алудирајќи на мистериозни здравствени проблеми кои вклучуваат мигрена и вртоглавица, објави Гардијан.

 

 

Барнс, кога американскиот претседател Џозеф Бајден го назначи за прв дипломат на чело на ЦИА, за Националното јавно радио изјави дека ги засилил напорите на агенцијата за утврдување на причината за овој синдром.

Агенцијата исто така го намали периодот од осум недели на две недели во кој службениците на ЦИА треба да чекаат прием во воениот медицински центар Валтер Рид, додаде тој.

Синдромот Хавана, кој дава симптоми како вртоглавица, гадење, мигрена и заборавање, беше именуван по главниот град на Куба, бидејќи токму во Хавана во 2016 година американските дипломати првпат доживеаја здравствени проблеми.

Loading...

Барнс рече дека панел на Американската академија на науките во декември откри дека може да има „насочена енергија“ зад сè што го предизвикува синдромот.

Постои „голема веројатност“ дека синдромот е намерно предизвикан и дека Русија може да стои зад сето тоа, додавајќи дека сепак се воздржува од конечни заклучоци за кои е потребно понатамошно испитување.
Москва негираше вмешаност.

 

Leave a Reply