Мистериозно торнадо на дното на морето ги збуни научниците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во близина на австралискиот корален гребен, популарен меѓу нуркачите, истражувачите неодамна беа сведоци на еден чуден феномен – торнадо што се формира во близина на морското дно, што покрена прашања за потеклото на овој спектакуларен настан.

Loading...

Истражувачите од Институтот „Шмит Оушн“ во Калифорнија, кои истражувале корален гребен крај брегот на Квинсленд, за време на експедицијата забележале нешто „како подводно торнадо“.

АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

Тие го снимиле настанот со камера, а видеото подоцна беше објавено на Јутуб. Очигледно, сите беа изненадени од тоа што го виделе. Истражувачите најпрво сметале дека нивната опрема предизвикала вртлог.

– Чекај, дали е тоа торнадо? – рече еден од членовите на истражувачкиот тим, опишувајќи ја сцената како „водна магија“.

– Па, ова не го направивме ние. Извонредно е. Изгледа како подводно торнадо. Никогаш не сум видел вакво нешто претходно – рече таа.

МИСТЕРИЈА Преку ноќ се појави нешто на езерото што ги збуни и научниците (фото)

Меѓутоа, Калифорнискиот институт подоцна заклучил дека „торнадото“ го активирале „вертикалните потиснувачи“ и дека, според тоа, не е природен феномен.

Loading...

Leave a Reply