Мистериозни сеизмички бранови ги збунија научниците

Сподели со своите пријатели

За само 20 минути, на 11. ноември, необични сеизмички бранови ја обиколиле половина планета. Никој не ги почувствувал, не сториле ништо, но ги загрижија научниците.

Брановите, кои списанието Национална географија ги опишува како „мистериозни“ за дваесетина минути изминале околу 17.700 километри.

Најпрвин биле забележани крај францускиот остров Мајот, помеѓу Африка и северен мадагаскар. недолго потоа активирани се сензорите во Замбија, Кенија и Етиопија, за да подоцна се јават и во Чиле, Нов Зеланд, Канада и Хаваи.

Светот има 12 години да ја спречи климатската катаклизма

Loading...

Никој не ги почуствувал брановите, ниту пак тие направиле некаиква штета, и да не биле чуствителните уреди кои ја бележат сеизмолоѓшката активност ширум планетата можеби не би знаеле дека „биле тука“.

Научниците се збунети, но вредно работат на расветлување на „случајот“.

Земјотресите произведуваат сеимзолошки бранови, кои се движат по површината на Земјата или низ неа. Меѓутоа, експертите како можни причини ги споменуваат нуклеарните проби, движење на подморница или дејство на вулкан.

Многу фактори ги прават овие бранови неверојатни. Првин, далечината која ја минале е необична – обемот на Земјата е околу 40.000 километри, а парановите минале скоро 18.000, што би значело дека пристинале скоро преку половина планета.

Следната збунувачка карактеристика е рамномерноста. Земјотресите пердизвикуваат удари со различни фрекфенции, а овие бранови биле монохроматски и со иста форма – во списанието Национална географија се опишани како „чист цик-цак“ кој се повторувал на секои 17 секунди.

„Премногу се убави“, ибјаснува вулканологот Гелен Робинсон од Универзитетот во Глазгов.

Третата и последна мистерија во врска со сеизмолошката активност на брановите е фактот дека луѓето не се чуствителни на нив, т.е. никој не пријавил дека ги почуствувал.

За волја на вистината, еден корисник на Твитер од Велингтон, но можеби не би ги забележал доколку не го следел преносот на сеизмолошките очитувања на америкснките служби за геологија и веста за брановите веднаш ја пласирал на социјалната мрежа.

Она што научниците можат да го потврдат дека планетата „ѕвонела како ѕвоно“ емитувајќи монотон сигнал со ниска фрекфенција.

Национална географија наведува дека француските геолози се соменваат дека во водите на Мајот се формира нов вулкан. Тие мислат дека чудните бранови можеби се предизвикани со движење на магма 50 километри од брегот и длабоку под водата.

Забележан најголемиот бран на јужната хемисфера

Експертите наведуваат дека невообичаениот сигнал можеби го предизвикало движењето на магмата во внатршеноста на комората или нејзино потиснување кон пукнатината непосредно под површината на акрпите.

Жан Пол Амуперо, сеизомолог од Универзитетот Азурен брег рекол дека сезимичките бранови се како музички инструмент, а дека тоновите зависат од величината на инструментот.

Засега се уште нема официјално објаснување на оваа појава.

Leave a Reply