Мистериозни самоубиства на четири полицајци во Америка: Сите обезбедувале еден ист настан!

Сподели со своите пријатели

Уште двајца други полицајци кои интервенирале за време на немирите на 6 јануари во американскиот Капитол извршија самоубиство, со што бројот на познати самоубиства на полицајци кои го обезбедувале Конгресот тој ден се зголеми на четири, пренесува Ројтерс.

Loading...

Полицаецот Гунтер Хашида бил пронајден мртов во својот дом во четвртокот каде извршил самоубиство, а друг полицаец, кој бил на должност на 6 јануари во Капитол, Кајл Дефрајтег, на ист начин го завршил животот на 10 јули, изјави портпаролот на полицијата рече во Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Полицаецот од округот Колумбија, Џефри Смит и полицаецот од Капитол, Хауард Либенгуд, кои го обезбедувале Конгресот за време на немирите на 6 јануари, исто така, си го одзеле животот порано.

Стотици поддржувачи на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот тој ден, во неуспешен обид да ја спречат потврдата за победата на демократскиот претседател Џозеф Бајден на изборите, а четири лица го загубија животот за време на насилствата.

Следниот ден, еден полицаец од Капитол загина кога беше нападнат од демонстрантите, а вкупно повеќе од 100 полицајци беа повредени во ова насилство.

Leave a Reply