Мистериозна појава на небото ја крена Британија на нозе (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Жителите на британскиот град Биркеншоу виделе на небото огромен црн прстен од непознато потекло.

Во почетокот сведоците се сложиле дека црниот прстен има форма на чад од пожар. Меѓутоа, пожарникарите соопштиле дека во околното подрачје немало пожари.

Потоа жителите се обратиле до метеоролошката служба, но нивните експерти исто така не можеле да ја објаснат природата на овој феномен.

Уфолозите веднаш во мистериозниот прстен виделе сонда на вонземјани, која наводно ја следи Земјата. Исто така се појавила и верзија за портал во паралелен свет.

Случајот во Велика Британија не е прво појавување на ваквите прстени. Сличен објект на 27 април 2016 година бил снимен на небото над Дизниленд во Калифорнија.

Loading...

Во 2015 година се појавиле кадрови со црни прстени од чад со пречник од околу 100 метри како пловат на ведрото небо над едно село во Казахстан, околу 50 киломтери северно од престолнината Астана. прстенот бил на небото петнаесетина минути пред да исчезне.

Во април истата година ист прстен бил снимен во Новосибирск.

Интересно е што фактички истиот ден како и прстен во Англија, нешто слично се појавило и на небото над градот Кејп Џирарда во американската држава Мисури.

Локалната полиција, која граѓаните ја намачиле со телефонски повици, на интернет објавила информација дека е во тек со случувањата и поставила фотографија од оваа необична небесна појава.