Мистериозна болест на мозокот! Се шири постепено, но се побрзо и побрзо, и никој не може да открие за што станува збор

Сподели со своите пријатели

Лекарите во Канада се загрижени зошто се соочуваат со претходно непозната болест на мозокот откако имале пациенти со симптоми кои вклучуваат губење на меморијата, халуцинации и мускулна атрофија, пренесува „Гардијан“.

Loading...

Политичарите во провинцијата Њу Бранзвик побарале подетални извештаи, но експертите посочуваат дека со толку малку случаи на оваа болест, тие имаат многу повеќе прашања отколку одговори, но тие исто така ја повикаа јавноста да не паничи.

 

 

Лекарите во оваа провинција надгледуваат серија од 43 случаи повеќе од една година и се сомневаат во невролошко заболување. Жителите првпат дознале за истрагата минатата недела откако во јавноста протече писмо од провинциската агенција за јавно здравје во кое се бара лекарите да обрнат внимание на симптомите слични на болеста Кројцфелд-Јакоб (КЈБ). Тоа е ретка, фатална болест на мозокот предизвикана од инфективен протеин наречен прион и се карактеризира со долга, повеќегодишна инкубација, бавен и долг клинички тек и смрт.

Бројни симптоми, вклучувајќи губење на меморијата, проблеми со видот и неочекувани грчеви, го вознемириле канадскиот мрежен мониторинг KJB, но и покрај првичните сличности, скринингот не покажал дека ова е дијагнозата.

„Немаме докази дека станува збор за прионска болест“, рече д-р Алиер Мареро, невролог кој ја води истрагата во Њу Брансвик.

Loading...

Сега, научниците се обидуваат да утврдат дали станува збор за непознат невролошки синдром или низа неповрзани, но претходно познати и излекувани болести. Д-р Мареро истакнува дека пациентите првично се жалат на необјаснета болка, грчеви и промени во однесувањето – симптоми кои лесно може да се припишат на анксиозност или депресија.

 

 

Но, тогаш, од 18-ти до 36-ти месец, започнало да се развива когнитивно опаѓање, мускулна атрофија, крцкање заби, неконтролирано испуштање на плунка од устата … Одреден број на пациенти почнале да имаат застрашувачки халуцинации, вклучувајќи го и чувството дека инсекти им лазат на кожата.

Во тек е обемна студија за медицинската историја на пациентот, која вклучува слики на мозок, метаболички и токсиколошки тестови и лумбална пункција за да се исклучат други болести како што се деменција, невродегенеративни нарушувања, автоимуни нарушувања и можни инфекции.

Во споменатата провинција е регистриран само еден сомнителен случај во 2015 година, но во 2019 година се утврдени 11 вакви случаи, а во 2020 година 24 вакви случаи. Истражувачите исто така веруваат дека пет лица починале од оваа мистериозна болест.

„Во последните 20 години не видовме група невролошки проблеми што не успеавме да ги дијагностицираме“, рече Мајк Култарт, директор на канадската мрежа за набудување на болести Кројцфелд-Јакоб.

Loading...

 

 

Непозната причина

Повеќето случаи се поврзани со Акадијскиот полуостров, ретко населен регион во североисточниот дел на покраината. Вкупниот број во кластерот е сè уште мал, но самиот Њу Брансвик не е голем – има помалку од 800 илјади жители. Растечки тим научници работи да утврди дали постои заедничка врска со случаи и нешто од околината – вклучително и растенија, инсекти и извори на вода.

„Не знаеме која е причината. Во моментов, имаме само повеќе пациенти кои се чини дека имаат некој синдром што не сме го идентификувале”, рече Мареро.

Веста за непознатата болест предизвика загриженост кај локалната јавност, но експертите предупредуваат дека не треба да се прават предвремени заклучоци. Тие објавија дека клучните параметри за дегенеративни невролошки заболувања сè уште не се документирани и дека широкиот спектар на симптоми во кластерот е нетипичен за повеќето мозочни болести.

Тие исто така сугерираат дека одредени видови на рак, деменција или дури и погрешно дијагностицирање може да го објаснат опсегот на симптоми.

Loading...

 

Leave a Reply