МИСТЕРИЈАТА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА: Примен редок мистериозен звук од вселената

Сподели со своите пријатели

Астрономите во Канада примиле мистериозни сигнали кои доаѓаат од далечната галаксија, а нивното потекло се уште не е познато.

Loading...

Помеѓу 13 радио сигнали, кои се забележани со телескоп во канада, се наоѓал и необичен сигнал кој се повторувал, доаѓајќи од насок на галаксија одалечена 1,5 милијарди светлосни години.

Постојат неколку теории за тоа што би можело да ги предизвика радио сигналите. Тие вклучуваат неутронска ѕвезда со исклучително силно магнетно поле која се врти многу брзо, две неутронски ѕвезди кои се спојуваат, или според трети, некој вид вонземски вселенски брод.

Ваквиот случај е пријавен само уште еднаш и тоа од страна на друг телескоп.

– Знаејќи дека постои уште еден извор не наведува на заклучокот дека би можело да ги има повеќе. Со поголем број сигнали и повеќе извори на располагање за испитување, би можеле да ја откриеме оваа космичка сложувалка, вели Ингрид Стерс, астрофизичарка на Универзитетот Британска Колумбија.

Опсерваторијата „CHIME“, која се наоѓа во Британска Колумбија во долината Оканаган, се состои од четири до 100 метри долги полукружни антени, кои го скенираат целото сверено небо секој ден.

Leave a Reply