Мистеријата на најосамената куќа во светот: Од зомби апокалипса до тоа дека воопшто не постои (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Постојат многу приказни кои кружат околу единствената бела куќа на островот Елижај (Elliðaey), јужно од Исланд, а една од нив е дека е засолниште во случај на апокалипса во која зомби ќе шетаат по планетата.

Loading...

Се појавија мистериозни теории за тоа како и зошто е изградена малата бела куќа за која се верува дека е можеби најосамената куќа во светот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Turid Lismoen (@turidlis)

Тоа е единствената куќа на островот Елижај, оддалечен остров јужно од Исланд, околу кој се плетат легенди.

Според едната, куќата е изградена од милијардер кој планирал да се пресели на оддалечен остров во случај на апокалипса во која ќе се појават зомби на Земјата.

Друга теорија вели дека во таа куќа живее религиозен фанатик, осаменик. Имаше и приказна дека исландската влада му го дала островот на пејачот Бјорк, но тоа било демантирано.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crazy for couture (@crazyforcouture)

Имаше дури и такви кои тврдеа дека куќата воопшто не постои, но фотографиите што се шират на социјалните мрежи го докажуваат спротивното.

Елижај е дел од архипелагот Вестманејајар, кој сега е целосно напуштен, но бил населен пред приближно 300 години. Пет семејства живееле таму и главно се потпирале на риболов, лов на птици и сточарство.

До 1930-тите, последните жители го напуштиле островот, кој оттогаш е пуст. Вистинската приказна за тајната куќа е далеку помалку возбудлива од теориите што се плетат околу неа.

 

Куќата, всушност, служи како ловна основа за група која ги организира активностите на ловџиите на островот. Имотот нема струја и вода.

Сепак, има сауна, напојувана од природен систем за собирање дождовница. Островот е природен резерват и заштитено подрачје, а туристичките агенции нудат еднодневни екскурзии до Елижај, за туристи кои сакаат да ја истражат неговата природна средина.

Loading...

 

 

Leave a Reply