Мислел дека бракот им е совршен, но на Фејсбук дознал дека жената го изневерува со повеќе мажи

Сподели со своите пријатели

Сет Мегоу, 33-годишник од Валдоста во САД, поминал низ развод – и воопшто не бил лесен – па одлучил да го сподели сопственото искуство на блогот Love What Matters.

Loading...

Имено, тој и неговата сега веќе поранешна сопруга Криси биле најдобри пријатели кои се заљубиле и се венчале кога имале 19 години.

Имале четири деца, купиле куќа, се поддржувале во се… Му се чинело, вели тој, дека нивниот семеен и брачен живот е навистина совршен.

Се до една вечер кога седнал пред вклучениот лаптоп на Криси…

Таа не се одјавила од својот профил на Фејсбук, а неговите сомневања дека не му е верна го натерале да ги погледне пораките.

 

 

Loading...

Имал што да види, сопругата го изневерувала, не со еден маж, туку со неколку од нив.

Почнал да се сомнева дека нешто не е во ред кога таа се оддалечила и почнала се почесто да излегува на вечерните излегувања од кои се враќала во раните утрински часови.

Тој се обидел да разговара со неа, но таа како изговор ги навела стресот на работа и желбата за одмор.

Се обидел да најде изговор за нејзиното неверство, но се сетил на се што укажувало на неверство и сфатил дека тоа трае веќе две години.

 

„Дома, го заклучуваше својот мобилен телефон, плаќаше работи во готово за да не ја откријам прељубата врз основа на банкарски извештај. Признавам, мојот ум ми рече дека нешто не е во ред, но јас сепак и верував тогаш. Моето срце ми зборуваше некако дека таа не би ме изневерувала и да не паничам за ништо. Но, не беше така”.

Се чувствува предадено, вели тој, затоа што направил се за да и ги олесни деновите и да не биде под стрес, а таа всушност била таква затоа што се заљубила во некој друг.

Loading...

Се оставиле, но следувал уште еден мал шок – Криси сега е во врска со жена, пренесува Daily Mail.

И покрај тоа, Сет се фокусирал на добросостојбата на децата и сопственото здравје, а на својот Фејсбук профил откри и дека има нова девојка.