Министерот Алаѓозовски најави реконструкција на Спомен Костурница (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Споменикот на паднатите борци во Куманово, или познат како Спомен Костурница ќе биде целосно реконструиран во текот на следната година, најави денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

 

Loading...

 

Алаѓозовски заедно со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и директорката на Управата за заштита на културно наследство, Елеонора Петрова Митевска направија обиколка на руинираниот споменик и лично се уверија во каква состојба истиот се наоѓа.

– Тие веќе подолг период се во лоша состојба за тоа сме свесни го направивме увидот и денес поради недостаток на адекватна грижа од надлежните институции. Како што сега видовме особено е влошена состојбата на релјефите на конструкцијата на кримтата, мозаичните плочки од пристапните скали и на централното плато. Во исклучителна лоша состојба се и придружните простории. Стручен тим формиран од националниот конзерваторски центар веќе детално ја детектираше состојбата нотирани се сите овие проблеми и тие ќе се решат со проект, за конзервација и реставрација на сите елементи.

 

 

Како што посочи министерот слубжтие и установите ќе ги направат потребните подготовки и реализацијата на проектот за реставрација на спомен обележјето треба да се случи дури следната година, до тогаш според градоначалникот Димитриевски ќе се прават напори да се заштити она што е останато иако постојано е мета на вандали се што се наоѓа во комплексот кој има големо значење за градот.

– Како што знаете веќе воведовме смена на дежурство за чистење на објектот, за жал однесувањето на несовесните граѓани е такво какво што е, во континуитет се крши урбаната опрема, во континуитет се крши приодната рампа на влезот на објектот, но нема да се предадеме, ако треба дополнително ќе ангажираме и приватна агенција за обезбедување да го пазиме самиот објект, веќе беше направена дезинфекција, дезинфекција и дератизација на самиот простор во меѓувреме отпочнавме со хортикултурно уредување на просторот и нема да запреме тука, ќе продолжиме се до моментот додека целосно не го ставиме во функција. Општината има намера тука, бидејќи голем дел на наши граѓани се рекреираат, да направи спортски патеки, трим патеки,шеталишта, дури разговаравме со министерството за потенцијална изградба на амфитеатар од отворен тип и се надевам дека со заеднички сили ќе успееме да го реализираме тоа, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Според првиот човек на градот, во текот на проектот за реставрација , општината и Министерството за култура ќе работат заедно за да му го вратат сјајот на Спомен Костурница.

Според директорката на Управата за заштита на културно наследство, Елеонора Петрова Митевска, споменикот треба да се реваловизира за да добие назив значајно културно населедство. Со таа титула, наскоро ќе се закити Занаетчискиот дом.

– Во тек е процедура на прогласување и на објектот кој е симбол на Куманово на плоштадот, Занаетчискиот дом тој да биде прогласен за значајно културно наследство и управата оди во насока сите споменици на култура кои се на територија ан градот да бидат реваловизирани во културно наследство. Вреди да се спомене  црквата Свети Никола, спомен куќата на Карпош, џамијата Синан бег, кои се исто така споменици на културата и му припаѓаат НА Куманово. Што се однесува до Спомен костурницата управата ќе направи се што е во нејзина моќ технички и правно да ги поткрепи и помогне и републичкиот завод за заштита на споменици на култура во конзервацијата и на министерството да се реализира проектот во Куманово што побргу, изјави Петрова Митевска.

 

 

Спомен костурница изградена во 1957 година по повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Дело е на архитектот Зордумис и вајарот Сретен Стојановиќ. Се состои од обелиск и костурници во кои се сместени посмртните останки на загинатите во Народноослободителната војна од Куманово и кумановско.

 

Leave a Reply