Министерката Царовска во посета на кумановската градинка (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска оствари протоколарна посета на објект од кумановската детска градинка „Ангел Шајче“ каде на новите дечиња им посака добредојте и пријатен престој во оваа воспитна установа.

 

Loading...

 

Дечињата и нивните воспитувачки по тој повод ги пречекаа со пригодна приредба.

„Сакам да видам како оди работата и во втора смена, какви се условите во градинките, да разговарам со вработените поради тоа што се видов и со СОНК, но сепак сакам изворно да слушнам и од вработените во Куманово какви се условите за работа, дали има потреба од дополнителни преговори“ – вели Царовска.

 

 

Паралелно се одвива и реконструкцијата на Пионерскиот дом во Куманово кој наскоро ќе стане градинка.

„Таа тече има 45 дена, тоа значи некаде околу 20 октомври треба да се предаде објектот за употреба“ – додаде Царовска.

Како што истакна Царовска за вработувањата на нови воспитувачки во градинките ширум државата за потребите на двосменското работење се преговара во буџетот.

Двосменското работење во дел од кумановските градинки постои веќе подолг период, меѓутоа сега се потребни нови вработувања. Според директорката Марина Алексовска таа бројка изнесува околу 30 вработувања.

„На сите влезови на вратите каде доаѓаат родителите е истакнато дека по нивна потреба ќе бидат отворени ив торите смени во сите објекти каде престојуваат нивните деца“ – изјави Алексовска.

Loading...

Министерката Царовска вети дека се прават проценките за вработување во 2018 година и над 2.300 нови вработувања се очекува да бидат реализирани рамномерно согласно потребите на градинките.