Минералната вода од Проевце не е безбедна за пиење

Сподели со своите пријатели

Примерокот природна минерална вода од мерното место Кумановска бања во селото Проевце Куманово не е безбедна за консумирање од страна на човекот, стои во лабораторискиот надо од Инситутот за јавно здравје на Република Македонија.

Примерокот земен на 6ти минатиот месец, не одговара на законските и стручни прописи ов однос на испитаните параметри за бактериолошка анализа поради раст на Pseudomonas aeruginosa, како и во однос на испитаните параметри за физичко-хемиска анализа поради зголемена содржина на арсен.

Како што стои во анализата на Институтот, примерокот сирова природна минерална вода е исправен во однос на анализата на резидиум од пестициди, радиолошка и паразитолошка анализа.

Сепак, потребно е да се врши кондиционирање (деарсенизација-редукција на арсеонот) и редовна дезинфекција на минералната вода со ултравиеолетна лаба за да може да се користи за пиење или за производство на газирана/негазирана пакувана природна минерална вода за пиење.

Истпитаниот примерок, како што посочува Институтот не е безбеден за консумирање од страна на човекот.

Leave a Reply