Милионска казна за апликацијата Grindr поради нарушување на приватноста

Сподели со своите пријатели

Норвешката агенција за заштита на податоците објави дека планира да ја казни дејтинг апликацијата Grindr со износ од 100 милиони норвешки круни (9,6 милиони евра) за нелегално откривање на кориснички податоци за огласувачите.

Loading...

Американската „Grindr“, која е опишана како најголемата апликација за истополов дејтинг во светот, не одговорила на барањето за коментар.

– Нашиот прелиминарен заклучок е дека прекршувањата се многу сериозни, објави норвешката агенција, најавувајќи рекордна казна од приближно 10 проценти од проценетиот глобален годишен приход на Grindr, пренесува Зимо.

Grindr има рок до 15 февруари да одговори на наводите за кршење на приватноста, по што агенцијата за заштита на податоци ќе донесе конечна одлука за тој случај.

Норвешките власти изјавија дека Grindr споделувал детални кориснички податоци со трети лица вклучени во рекламирање, како што се корисничка IP адреса, ID за рекламирање, GPS локација, возраст и пол.

Во некои случаи, споделувањето лични податоци може да стане прашање на физичка безбедност доколку корисниците се во земји каде хомосексуалноста е нелегална.

Leave a Reply