Милиони луѓе во опасност поради брзото топење на мразот

Сподели со своите пријатели

Планетата Земја се загрева, ледниците се топат и повлекуваат, а водата се акумулира и се создаваат езера. Научниците предупредуваат дека поради тоа се поголем број луѓе на глобално ниво се под закана од поплави.

Loading...

Од 1990 година, обемот, површината и бројот на такви глацијални езера се зголемиле за 50 проценти на глобално ниво, пренесува Гардијан.

Кога ваквите езера ќе се преполнат, постои ризик тие да се прелеат, ослободувајќи огромни количини вода, што може да доведе до катастрофална поплава.

Стефан Харисон, професор по климатски промени и промени во животната средина на Универзитетот во Ексетер, вели дека научниците се особено загрижени за многу стрмните планински долини на Андите и Хималаите, каде што големите глечери се спуштаат кон стрмните долини.

Корелацијата помеѓу зголемувањето на температурите и поплавување на езерата предизвикана од топење на глечерите е комплицирана. Иако создавањето и зголемувањето на бројот на езера може да се припишат на човечки фактори и климатските промени, катастрофалните поплави може да бидат предизвикани и од неклиматските фактори, како што се земјотреси, лавини или обилни дождови.

Еден од параметрите што ги прави езерата потенцијално опасни за луѓето е бројот на жители кои живеат низводно и може да бидат изложени на поплави. Тој број може да се движи од неколку стотици до неколку стотици илјади, како во случајот со градот Хуараз, кој се наоѓа низводно од езерото Палкакока во Перу.

 

Loading...

 

Постојат низа фактори на ризик кои го оневозможуваат проценувањето на бројот на жители кои би биле загрозени на глобално ниво. Студија од 2016 година открила дека досега се регистрирани најмалку 1348 поплави на езера формирани од глечерите во светот, а 24 проценти од нив до одредена мера влијаеле врз човечката заедница.

Повеќе од 12.000 смртни случаи се припишуваат на ваквите поплави. Забележано е дека Централна Азија е најпогодена област, следена од Јужна Америка, проследена со Алпите, Исланд, Скандинавија, Северозападна Америка и Гренланд.

Авторите ги идентификуваа Јужна Америка и Централна Азија како региони каде може да има најмногу смртни случаи, екстремни оштетувања на инфраструктурата, како и поплавување на земјоделско земјиште и уништени домови и патишта.

Од тропските глечери во светот, 70 проценти се наоѓаат на перуанските Анди и се знае дека брзо се топат, што доведува до неколку катастрофи во последните децении.

Најразорна досега беше поплавата на езерото Палкакоча, која се случи во 1941 година и однесе најмалку 1.800 животи.

 

Loading...

 

После тоа, Перуанците се занимаваа со контролирање на езерото, па започнаа да спроведуваат мерки за ублажување на опасностите, како што се исцедување на езерото, зајакнување на браните со бетонски конструкции и поставување на систем за рано предупредување во 1950-тите.

Непал е исто така многу ранлив на поплавување од глацијалните езера, поради што властите во 1999 година одлучија да го исцедат езерото Тшо Ролпу, недалеку од Монт Еверест, кое брзо се ширеше, а нивната крајна цел беше да го намалат нивото на водата во езерото – првиот пат во регионот.

Меѓународната комуникација и соработка се клучни за спречување на смртоносни поплави. Имено, студијата чии резултати беа објавени минатата година обележа 47 потенцијално опасни леднички езера чиј одлив може да го погоди Непал. 25 од нив биле откриени во Кина, а еден во Индија.

Експертите сметаат дека е многу важно за непалските власти да разговараат со Кинезите за да се обидат да го решат проблемот со заеднички напори.

Ранливите земји со големо население и загрозена инфраструктура започнаа трка со времето, обидувајќи се да инвестираат во системи за подготвеност кои ќе спречат катастрофален исход во случај на поплава.

Leave a Reply