Милион луѓе минатата година починале од сида

Сподели со своите пријатели

Минатата година до сида во светот починале еден милион луѓе, што е половина од бројката во 2005 година, кога оваа болест однесе скоро два милиони животи, соопштуваат од Обединетите нации.

Не само да опаѓа бројот на новоинфицирани со овој вирус, како и смртните случаи, туку се повеќе луѓе се лечат, се наведува во известувањето во пресрет на научната конференција за сида која се отвора во недела во Париз.

Во 2016 година 19,5 милиони од 367, милиони луѓе кои живеат со вирусот ХИВ имале пристап до лечење, наведува УНАИДС.

Со ХИВ вирус се инфицирани вкупно 76,1 милиони луѓе од избивањето на епидемијата во осумдесетите години. Околу 35 милиони луѓе починале оттогаш починале од сида.

 

Loading...