Милион денари Куманово троши за заловување на кучињата скитници

Сподели со своите пријатели

Еден милион денари Општина Куманово годишно троши за заловување на кучињата скитници, пари кои трајно не го решаваат проблемот, затоа што во недостиг на стационар, кучињата се заловуваат, вакцинираат и пуштаат повторно на местото од кое биле земени.

Loading...

Тендерот го има добиено ветеринарната станица „Тодор Велков“ која согласно законот ги спроведува постапките за заловување, а како што брифираше градоначалникот Максим Димитриевски, општинските инспекциски служби редовно контролираат како функционира тој процес.

– Се движиме во централното градско подрчаје на плоштадот и гледаме кучиња скитници кои се обележани со маркица ги има во преголем број но за жал согласно законот ние имаме само такви можности, а немаме дополнителни капацитети како инситуција да изградиме Центар за азил, центар за постојано сместување на овие кучиња, вели Димитриевски.

Куманово има потреба од стационар за 300 до 500 кучиња скитници, но тоа би чинело од 15 до 45 милиони денари, пари кои општината во овој момент не може да ги обезбеди.

– За Куманово најмналку би требало првично да се обезбеди капацитет од 300 до 500 кучиња, доколку бидеме во состојба да преземеме ваков чекор, ќе се јави проблемот бидејќи ќе бидеме една од ретките општнии која се справува како што треба и ќе има дополнителен наплив на кучиња скитници бидејќи најголем дел до општеството не можат да си го дозовлат тоа, додаде градоначалникот Максим Димтириевски.

Доколку куче скитник касне граѓанин истото се пријавува како агресивно, се заловува и се следи, по што доколку од стручните лица се утврдидека истото претставува опасност се врши еутаназија согласно законот.

Leave a Reply