Милијарди ракови исчезнати од морето околу Алјаска

Сподели со своите пријатели

Одборот за рибарство на Алјаска и Советот за рибарство на Северен Пацифик минатата недела објавија дека популацијата на снежните ракови во Беринговото Море паднала под редовниот праг за риболов.

Loading...

Бројките зад таа одлука се шокантни: популацијата на споменатите ракови се намали од околу осум милијарди во 2018 година на една милијарда во 2021 година.

Официјалните лица соопштија дека сезоната на лов на снежни ракови е откажана поради прекумерен риболов.

Марк Стичерт, координатор за управување со рибарството за државниот Оддел за риба и дивеч, рече дека повеќе снежни ракови се ловат од океанот отколку што можат природно да се заменат.

Тој додаде дека меѓу 2021 и 2022 година, бројот на возрасни мажи се намалил за околу 40 проценти.

„Тоа е застрашувачка бројка, само да бидам јасен“, рече Стихерт.