Мила Трајковиќ и Јована Кипријановска со репрезентацијата утре заминуваат за Исланд

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово Јована Кипријановска и Мила Трајковиќ со јуниорската репрезентација на Македонија утре заминуваат во Исланд каде играат квалификации за светско првенство до 20 години.

Кипријановска и Трајковиќ иако имаат 17 години играат во повозрасна категорија, што е уште еден доказ за нивниот успех и посветеност на ракометот.

Македонија е во група со Литванија, Исланд и Германија, а првите две најдобри екипи одат на Светското mладинско pрвенство во женска конкуренција кое летово ќе се одржи во Унгарија.

– Распоредот е многу тежок за нашата репрезентација каде помеѓу секој меч има пауза од 14 часа. Иако групата е многу тешка, владее оптимизам дека ќе ги поминат квалификациите успешно, велат кумановските ракометарки кои додаваат дека се подготвени достојно да го претстават градот и клубот Куманово.

Leave a Reply