Мијатовиќ: Состојбата со бегалците и мигрантите во Грција е на работ на катастрофа

Сподели со своите пријатели

Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, ја критикуваше ситуацијата со мигрантите на грчките острови, велејќи дека ситуацијата во грчките кампови за мигранти е експлозивна и е на работ на катастрофа.

Loading...

Грчките власти се борат со брзиот раст на бројот на мигрантите во текот на летните месеци во Лезбос и другите острови во Источен Егеј, каде камповите финансирани од ЕУ се преполни и доаѓа до насилство.

„Ситуацијата со мигрантите, вклучително и барателите на азил, на грчките острови на Егејот се влоши драматично во последните 12 месеци“, рече Мијатовиќ.

На крајот од својата петдневна посета на Грција, таа рече дека станува збор за „експлозивна состојба“, барајќи од земјата да ги реши лошите услови за живот во камповите.

Мијатовиќ рече дека била сведок на лошите услови во пренатрупаните кампови во Лезбос, Самос и Коринт, вклучувајќи ги и луѓето кои со часови чекаат во редот да добијат храна или да користат бањи.

Таа го пофали планот на Грција да префрли 20.000 мигранти од островот кон копното до крајот на оваа година, инсистирајќи на тоа дека нивното преместување треба да се изврши итно.

Според неодамна објавените податоци на ЕУ, Грција сега е најпрометната влезна точка во Европа со повеќе од 47.500 пристигнувања оваа година, што е за 29 проценти повеќе од 2018 година.

Leave a Reply