Михајловски: Декларацијата значи многу, но може да не значи ништо ако не се почитува потпишаното

Сподели со своите пријатели

„Оваа декларација значи многу, но може и да не значи ништо ако не се почитува тоа што е потпишано“, рече денеска кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ Тони Михаловски, откако со своите противкандидати стави потпис на Кодексот за фер и демократски избори.

Loading...

Како што рече тој, ВМРО-ДПМНЕ во Куманово веќе се придржува законската норма за необјавување и нерекламирање.

– Веќе досега инсистираме на тоа да се почитува, се надевам дека и во иднина ќе продолжи така. Можеби не се почитуваше од одредени страни, но тоа оставам на вас новинарите да го истражувате, тоа не е моја работа на крајот на краиштата. Ова декларација значи многу, но може и да не значи ништо ако не се почитува тоа што е потпишано, изјави тој.

 

 

Како што рече Михајловски, ќе води позитивна кампања.

– Немам намера лично да ги навредувам кандидатите и прозивам, можам евентуално да го прозивам актуелниот градоначалник за неостварени работи што не е направено и тоа до тука би било. Немам ништо лично што би можело да ги повреди неговите чувства или неговото семејство, затоа што ние сите сме кумановци, сите сме сожители тука и едноставно мислам дека почитувањето ние треба да го ставиме како репер за да можат и граѓаните да го прават тоа, изјави Михајловски.

Loading...

 

 

И кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе ја прифати иницијативата на Димитриевски, во понеделник сите кандидати за градоначалник да имаат заедничка кафе средба со што официјално ќе ја започнат кампањата за годинешните локални избори.

Никола Ивановски