Мигрантите од Ваксинце бунтуваат поради сместување во нечовечки услови (видео)

Сподели со своите пријатели

Мигрантите кои се сметени во импровизираниот прифатен центар, инаку поранешна детска градинка бараат да бидат преместени во Центарот за азил во Визбегово, пишува НоваТВ.

Loading...

Вчера полицијата успеа да го смири бунтот со ветување дека ќе ја забрзаат постапката за префрлување таму. Екипа од институцијата Народен правобранител веднаш замина на лице место и започна опсежна истрага за состојбата во Центарот.

До пладне во Центарот беа сместени околу 260 бегалци, иако капацитетот е за 140 луѓе, а синоќа таму се донесени уште 80 од вкупно 120 мигранти кои полицијата ги пронајде во Ваксинце.

Народниот правобранител за денеска најави прес конференција за актуелната состојба со бегалците.