Мигрантите ја кренаа Грција на нозе: Закажан состанок на безбедносните служби

Сподели со своите пријатели

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за денеск свика состанок на највисоките служби за безбедност, на разговори околу зголемувањето на пристигнувањата на мигрантите на источните острови на Егејот, во близина на бреговите на Турција.

Loading...

Одлуката за свикување на состанокот дојде неколку часа откако властите и хуманитарните групи објавија дека стотици мигранти пристигнале на островот Лезбос, пренесе АП.

13 бродови со 546 бегалци пристигнале на островот, претходно објави грчката агенција АНА-МПА.

Мигрантите и бегалците се видени од страна на грчката крајбрежна служба во северниот дел на островот.

Leave a Reply