Мигранти пронајдени во камион кој превезувал пилешко во Франција

Сподели со своите пријатели

Осум мигранти од Авганистан биле пронајдени во камион ладилник при преглед во француското пристаниште Кале, пренесува францускиот весник Паризиен.

Loading...

Весникот пишува, повикувајќи се на обвинителството, дека мигрантите биле пронајдени во состојба на лесна хипотермија и биле пренесени во болница во Кале.

Властите велат дека мигрантите биле скриени во двојното дно на ладилникот што се движеле кон Велика Британија.

Вратата од ладилникот во чија внатрешност било околу седум степени целзиусови, била заклучена.

Камионот бил сомнителен на цариниците затоа што во приколката немало стока.

Leave a Reply