Мигранти од Сирија, Пакистан, Авганистан и Мароко откриени во Ваксинце и Лојане

Сподели со своите пријатели

Утринава два часа по полноќ Регионалниот центар за гранични работи Север, откриле 31 лице илегални мигранти во липковските села Лојане и Ваксинце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Службениците постапувајќи по претходно изготвен план за откривање и пронаоѓање на илегални мигранти кои престојуваат на отворен простор во Липковскиот крај ги откриле мигрантите,  од кои 22 лица биле државјани на Сирија, петмина биле Пакистанци, како и по две лица од Авганистан и Мароко.

Од МВР додаваат дека за пронајдените лица постапката е во тек.