Метеролозите најавуваат облачно и свежо време

Сподели со своите пријатели

Облачно и свежо време се очекува во четврток.

Loading...

Повремен дожд ќе има во првата половина од денот низ земјава, особено во јужниот регион, каде ќе има услови за повремено интензивирање на дождот. Врнежите во северната половина од земјата ќе бидат доста послаби. Во текот на вечерта се очекува врнежите да ослабнат и потоа да престанат.

Температурата ќе биде доста пониска во однос на среда.

Максималната дневна температура ќе достигне вредности околу 21°С во северниот и југозападниот регион и околу 25 во југоисточниот крај.