Метеоролозите повторно со најави за нестабилност

Сподели со своите пријатели

Утринава времето е умерено облачно со повеќе сончеви периоди во јужните делови од земјата.
Дува слаб до умерен променлив ветер поизразен на повисоко во Пелагонија и на
североисток во Светиниколско. Во последниве часови паѓа слаб снег во Лазарополе,
а рано изутрина во Тетово имаше врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текок на денот не очекува малку до умерено облачно кон југот и особено југоистокот со подолги сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Претежно во западни, источни планински подрачја и на северот ќе има услови за локален дожд и краткотрајно услови за ретки грмежи. Температурата од 12 до 19 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и услови за дожди грмотевици во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе изнесува 13 степени целзиусови.

Утре ќе се задржи суво време, Нови врнежи од дожд ќе има во петок претпладне, особено во западните делови. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а ќе биде и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во недела врнежите ќе се со послаб интензитет и ќе биде посвежо.

Leave a Reply