Метеоролозите најавуваат сончева сабота

Сподели со своите пријатели

Долж Повардарието и на исток, ниската облачност и маглата ќе се задржи барем во претпладневните часови, меѓутоа попладне облачноста ќе се намали и на повеќето места ќе биде малку до умерено облачно. Во останатиот дел ќе преовладува претежно сончево и потопло време.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во наредниот период ќе се задржи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради слабо изразените воздушни струења по котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните часови.