Метеор прелета на небото и предизвика земјотрес во САД

Сподели со своите пријатели

Потрес со јачина од две рихтерови единици предизвика метеор кој прелетал над Мичиген.

Експертите наведуваат дека светлината која се појавила на небото над Мичиген и нешто што звучело како грмотевица, бил метеор, пренесува АП.

Американското здружение за следење на метеори соопштило дека примиле стотици пријави за огнена топка која се движела над Мичиген и Детроид, а дека пријавите пристигнале и од неколку други сојузни држави како што се Онтарио во Канада.

Некои жители на Мичиген пријавиле дека им се треселе куќите, а здружението соопштило дека метеорот влегол длабоко во атмосферата пред да се распадне.

Геолошкиот институт на САД соопшти дека во Мичиген е регистриран земјотрес со јачина од два степени.

Помеѓу државите во САД од кои пристигнале пријави за метеор биле Илионис, Пенсилванија, Охајо, Индијана и Мисури.

Loading...