Метео прогоноза: Еве какво време нè очекува до крајот на неделата

Сподели со своите пријатели

Осумнаесет степени под нулата беа повторно измерени ноќеска во Берово, јавува УХМР. Со минус дванесет во Куманово и околината, денес за разлика од претходните денови се очекува сончево и студено време со благ пораст на температурите.

Според метеоролозите, за денес се очекува слаб ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи од -3 до 4 степени.

До крајот на неделата ќе се задржи стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени.

Утре дневните температури ќе бидат малку повисоки од денешните, а од петок повторно ќе опадннат за неколку степени.