Мештаните на Пчиња ќе го блокираат патот доколку никој не презеде мерки за каменоломот

Сподели со своите пријатели

Мештаните на село Пчиња се закануваат дека ќе го блокираат локалниот пат доколку надлежните и натаму останат глуви  на нивните барања да се преземат мерки за заштита од каменоломот кој се наоѓа во близина на селото.

Во текот на вчерашниот ден во Регионалниот центар за управување со кризи се јавил претседателот на Месна заедница Пчиња кој ги информирал надлежните дека секојдневно од каменоломот излегува прашина која ги прекрива нивните дворови и куќи.

– Исто така не извести дека досега неколку пати се имааат пожалено во Општина Куманово и до сите други надлежни институции како и до инспекторите за животна средина во Куманово, но досега никој од нив не им излегол во пресрет за да се реши овој долгогодишен проблем на жителите од селото Пчиња. Доколку никој не преземе мерки во блиска иднина од надлежни субјекти жителите од село Пчиња најавуваат дека ќе го блокираат патот, велат од Регионалниот центар за управување со кризи.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply