Меркел направи договор со Русите, му сврте ли Германија грб на Трамп?

Сподели со своите пријатели

Русија доби дозвола за изградба на гасоводот Северен тек 2 на германска територија. „Гаспром“ верува дека градењето на овој проект би требало да заврши до 2019. година. Најголем противник за изградба на гасоводот беа САД, кои по секоја цена сакаа да спречат создавање на оската Берлин – Москва.

Проектот според плановите двојно би ја зголемил постоечкат аиспорака на гас од Русија до Германија.

– Оваа дозвола е резултат на обемен процес на планирање и консултации. Северен ток 2 е свесен за својата одговорност и чувствителноста на оваа прашање. Покрај самото влијание врз околината, ни би разгледале и други аспекти како што се поморска и туристичка индустрија, рекол Џенс Ланге, менаџер за дозвола за Германија и Северен тек 2.

Северен тек 2 и натаму треба да добие дозвола од другите земји низ чија територија би требало да минува гасоводот. Тоа ги вклучува Финска, Шведска и Данска.

И покрај бројните оспорувања околу гасоводот, „Гаспром“ верува дека изградбата би можела да заврши кон крајот на 2019. година.