Мерцедес ја претстави иднината на транспортот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Камионот, кој воопшто не би ни пречел на патиштата, користи горивни ќелии за погон, има домет од 1.000 км, се карактеризира со вселенски дизајн и ќе влезе во сериско производство за неколку години.

Loading...

Германскиот производител на камиони „Daimler Trucks“ претстави концепт за развој на камион со чист погон, се со цел усогласување со Париската конвенција за животна средина.

 

 

Фокусот е ставен на технологијата на водороден погон, што ќе се спроведува во камиони кои поминуваат големи километри.

Така, премиерно беше прикажан концептот на камионот „Mercedes-Benz GenH2“, специјално наменет за транспорт на големи товари на долги правци.

 

Loading...

 

Опсегот со еден резервоар ќе биде над 1.000 км, а благодарение на употребата на водород во течна наместо во гасовита состојба, перформансите на овој камион ќе бидат еднакви на конвенционалните дизел мотори.

Покрај овој концепт, Mercedes-Benz го претстави и идниот електричен модел „eActros“. Верзијата за пократки рути и домет од 200 км започнува со производство следната година, а верзијата за долги патеки со опсег од 500 км ќе започне во 2024 година.

Leave a Reply