Мексико трага по повеќе од 112.000 исчезнати лица

Сподели со своите пријатели

Мексико ќе лансира база на податоци на крајот на месецот што треба да помогне во собирањето информации за десетици илјади исчезнати лица, објави во четвртокот Федералното обвинителство (ФГР).

Loading...

Регистарот треба да собира информации од неколку различни досиеја за масовни и тајни гробници, апсења, злосторства од мачење, криминални досиеја, отпечатоци од прсти и генетски материјал, објави ФГР во службениот весник.

Минатата година бројот на официјално исчезнати надмина 100.000, а сега тој број се проценува на повеќе од 112.000.

Бројот на исчезнати се зголеми откако претседателот Фелипе Калдерон им објави војна на моќните нарко картели.

„Треба многу да се направи, а оваа објава е првиот чекор. ФГР конечно ја препозна својата одговорност“, објави на Твитер здружението за човекови права Центро Прод.

Одлуката доаѓа само еден ден по Денот на мајката

Невладините ги обвинуваат јавните институции задолжени да истражуваат вакви случаи дека се неефикасни, бавни во реагирањето и недоволно финансирани.

Соопштението на FGR доаѓа еден ден по Денот на мајката, кога секоја година илјадници мајки излегуваат на улица и бараат „вистина и правда“ за нивните исчезнати деца.

Националната банка за форензички податоци (БНДФ), заедно со Националниот регистар на неидентификувани и неподигнати починати лица, започнуваат активности поврзани со пуштањето во употреба на базата на податоци на 29 мај.

Loading...