МЕКСИКО: Направија заседа на полицијата, се преправаа дека се пар па почнаа да пукаат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ова е моментот кога полицајците во северниот дел на Мексико преживеаја заседа кога четворица вооружени лица, преправајќи се дека се парови, отворија оган врз полицискиот автомобил на сред улица, јавува „Дејли мејл“.

Loading...

Речиси фатален инцидент се случи во неделата попладне во градот Закатекас во Гвадалупе, кога маж и жена нагло престанаа да се држат за раце додека ја минуваа улицата, а потоа започнаа да пукаат.

„MS-13“ – Една од најопасните банди во светот со мотото „Убиј, силувај, контролирај“(фото+видео)

Надзорната камера покажува дека полицајката која управувала со автомобилот го застанува возилото за да ѝ дозволи на парот да ја премине улицата, а потоа тие почнале да пукаат кон неа.

Друго видео од полициската камера прикажува друг маж и жена кои стојат на аголот на салонот за нокти и чекаат полицијата целосно да застане.

Сите четворица, кои во моментов се во бегство, застанале на неколку метри од возилото и испукале најмалку 20 куршуми пред да скршнат зад аголот и да избегаат.

155 куршуми испукани во полицаец кој го приведувал синот на Ел Чапо (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Полицајката потоа излегла од возилото и отишол на спротивниот тротоар и побарала помош.

Loading...

За среќа, никој од полициските службеници кои се наоѓале на патрола не биле погодени од куршумите, што само го скршиле ветробранското стакло.

Полицајката ја следела својата партнерка и застанала на ѕидот на локалната продавница, додека некој минувач ѝ помогнал.

https://youtu.be/Xv2vRAJjCbw

Leave a Reply