Мексиканскиот претседател бара помош за да продаде луксузен авион

Сподели со своите пријатели

По неколкуте неуспешни обиди за продажба на луксузен претседателски авион, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор предложи да организира лотарија за која билетите ќе се продаваат за 25 долари.

Loading...

Обрадор смета дека авионот, купен од неговиот претходник Енрике Пена Нито во 2012 година и вреден 130 милиони американски долари, е премногу луксузен за земја чија половина од нејзиното население живее во сиромаштија.

Тој понуди бесплатно одржување на авионот за една година во случај кога добитникот на лотаријата би немал пари за тоа.

„Боинг 767 Дринлинер“ беше на продажба во САД цела година, но не најде купувач.

„Помогнете ми“, рече Обрадор на прес-конференција.

Тој исто така рече дека се состанува со бизнисмени за да добие идеја како да се ослободи од овој авион.

Обрадор предложи размена на авиони за американска медицинска опрема или продажба на авиони за делови на група бизнисмени.

Тој исто така понуди да го изнајми за еден час.

Loading...

Авионот е скап за одржување. Може да смести 80 луѓе и има претседателски апартман со спална и бања.

Експертите велат дека претворањето на истиот во комерцијален авион би било прескапо, пренесува АП.

Обрадор, кој важи за скромен претседател, патува во туристичката класа, а ја претвори луксузната претседателска резиденција во уметнички центар и вети дека никогаш нема да се качи на авионот што го купил неговиот претходник.

Leave a Reply