Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2019“

Сподели со своите пријатели

Фото кино клуб „Козјак“ по тринаесети пат  ги собра фотографиите на своите и странските  автори,  на традииционалната меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2019“.

Loading...

Учесниците имаат можност да се престават  во пет категории и тоа портрет, природа, слободна црно – бела, слободна колор и тема фотожурнализам.

– Бурното време во кое што живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа „Фото Кино Клуб Козјак“ и годинава ги доби сите признанија од фотографските организации ширум светот. Традиционално ја организира најстарата меѓународната изложба во Македонија, „Фото Салон 2019“, велат организаторите.

Отворањето на изложба ќе биде во петок во Уметничката галерија на градот Куманово во 19:30 часот.

– Се започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години „Фото Салон“ прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот, информираат од ФКК Козјак.

Leave a Reply