Медведев: Обидот за апсење на Путин е објава на војна

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека обидот на која било земја да ја спроведе одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсењето на претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе биде еднаков на објава на војна.

Loading...

Во интервју за водечките руски медиуми, Медведев рече дека Меѓународниот кривичен суд, кој Мопсква не го признава, е правно ништовен суд и меѓународно правно немоќен и дека не направил ништо значајно од неговото создавање.

Според неговото мислење, судските одлуки, како што е последната за апсењето на Путин, создаваат огромен негативен потенцијал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Медведев оцени и дека Западот се обидува да ја дестабилизира политичката ситуација во Русија и да ја распарчи земјата.

„Желбата на Западот е многу едноставна – да ја дестабилизира политичката ситуација, да ја подели земјата на неколку делови кои би биле доволно големи, да склучи договори со секој од овие делови, да денуклеаризира и демилитаризира сè и потоа да ги понуди своите безбедносни служби“,ја цитира ТАСС изјавата на Медведев.

Тој оцени дека „таквите делови имаат дури и шанса да влезат во НАТО, особено ако ги обезбедуваат нашите национални ресурси“.

„Дали им треба земја со огромна територија и најсилен нуклеарен штит, која исто така не ги слуша Американците? Воопшто не им треба“, рече Медведев одговарајќи на прашања на руските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...